Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Раул Гонзалес подготвен е за новата улога во фудбалот. Во матичниот клуб прославениот шпански фудбалер ќе започне со „печење“ на тренерскиот занает.

40-годишниот Раул ќе тргне по стапките на Зинедин Зидан кој прв од шампионската генерација во ЛШ 2002 година реши да се проба помеѓу тренерите. Французинот најпрво ги водеше младинците, потоа втората екипа од „кралевите“, а сега жнее трофеи со сениорите во сите клупски натпреварувања.

Раул фудбалската кариера ја заврши 2015 година во Њујор Космос, а вкупно 16 сезони од неа помина во дресот на Реал Мадрид. Шпанецот измеѓу настапуваше за германски Шалке и арапскиот клуб, Ал Сад. 

OhridNews

Анкета: На кое место ќе заврши РК Охрид во плејофот?
(Одговори на дното од страницата)