Утрово, во 1 часот и 40 минути било извршено кривично дело разбојништво  во бензиската пумпа  во Дебар.

Едно засега непознато лице, маскирано и вооружено со автоматска пушка, насилно велегло во бензиската станица и на вработената, заканувајќи и се со оружјето и кажал дека има само една минута да му ги даде парите од прометот. Откако таа се спротивставила и одговорила  дека нема пари, маскираниот ја одтурнал и кон рафтовите во бензиската станица  испукал еден куршум. Потоа,  од работното биро одзел еден дел од парите во фиоката.

Во обид да избега, парите му испаднале од левиот џеб  пред внатрешната страна на излезната врата на бензиската пумпа. Откако избегал, тој забележал дека нема пари по што повторно се вратил во безиската станица. Неговиот повторен обид да влезе го спречила вработената која успеала да ја заклучи вратата.

При извршениот увид, констатирано е дека, засега непознатиот сторител на разбојништвото успеал од работното биро да одземе околу 12.000 денари кои при бегство од бензиската пумпа му испаднале пред вратата од внатрешната страна.

Полициската станица од Дебар, презема интензивни мерки за пронаоѓање на сторителот на разбојништвото и расветлување на казненото дело.

OhridNews