Вооружен разбојник  вечерва нешто по 20 часот упаднал во маркетот „Макси-Д“ во близина на охридската Гимназија, при што со закана одзел од вработените одредена сума пари од дневниот промет. Во нападот нема повредени.

Во и околу маркетот кој е затврорен за купувачите забележливо е поголемо присуство на полицијата. Од СВР Охрид го потврдија разбојништвото, кое, според првичните неофицијални сознанија на истрагата било извршено со употреба на пластичен пиштол.

Точната сума на одземени пари засега не се знае, а полицијата работи на расчистување на случајот и пронаоѓање на разбојникот.

OhridNews