56-годишен жител на Струга останал без пари и личните документи во нападот што синоќа околу 21.30 часот врз него го извршиле три непознати лица. 
Додека се движел со велосипед по ул. „Караорман“ еден од напаѓачите му го попречил патот и со спреј го испрскал  во пределот на лицето, по што го турнал од велосипедот и му го одзел елекот во кој имало 100.000 денари, два мобилни телефони и лични документи.
Разбојниците побегнале од местото на настанот со патничко возило.
Полициската станица Струга презема мерки за пронаоѓање на разбојниците.
OhridNews