Од СВР Охрид денес со поопширни информации во врска со синоќешиот грабеж на златарата „Голд“ во централното градско подрачје, при што беа украдени накит и златни предмети во вредност од околу 100.000 евра.

 Како што информира портпаролот на СВР- Охрид, Стефан Димоски, се презема широк спектар оперативни активности за пронаоѓање на двете лица и дека полицијата располага со добри оперативни сознанија .

–    Ангажиран е целокупниот полициски оперативен состав од Полициската станица- Охрид, полициските  инспектори и униформирани службеници. Се проверуваат информациите кои пристигнуваат,  се проверуваат безбедносните камери и се надеваме дека  за кратко време двајцата сторители ќе бидат познати, рече Димоски.

Според информациите со кои располага полицијата, двете засега непознати лица, синоќа околу 19.45 минути, маскирани со капи и шалови,  насилно влегле во златарата во која се наоѓала вработената која веднаш се повлекла во аголот  од дуќанот и не пружила отпор,при што под закана со пиштол кој го имало едното лице, другото лице одзело осум табли со злато кои се наоѓале на пултот од златарата.

Откако го извршиле грабежот, разбојниците  се обиделе да избегаат со мотор,  но по неуспешниот обид   го оставиле моторот и избегале. Моторот од страна на полицијата е одземен и се вршат неопходни вештачења со цел тие да бидат искористени во понатамошната постапка за пронаоѓање на двете лица.

Златен накит и пари во вредност од околу 15.000 од домот на сопственичката на златарата беа украдени и при разбојништво кое беше извршено во 2011 година.

OhridNews