Разгледница со комеморативен цртеж од војната и црвен печат,испратена е во 1929 година од Англија. Две девојки кои ја напишале им ја испратиле на својата стрина и стрико за да ги известат дека нивното патување завршило добро. Меѓутоа, после речиси 80 години забележале на разгледницата дека не се веќе меѓу живите.

Сегашните станари на истата адреса биле многу изненадени кога во своето сандаче пронашле задоцнета разгледница. Изненадувањето било уште поголемо бидејќи со разгледницата пристигнало и писмо со извинување од Британската кралска пошта поради повеќедецениското доцнење.

Семејството кое денес живее на таа адреса со задоволство би се сретнало со потомците на Ричардсови ако ги има и би им ја врачиле разгледницата.