Еден од најдобрите стендап-комичари, импровизатор и уметник Џими Цапас -The Greek Dzinious, утревечер во 20 часот со уникатно сатирично шоу во Џез Ин насловено „Само една ноќ во Охрид“ во рамки на Летниот маратон на комедијата. Со Цапас разговараме за шоуто, но и за стендап сцената и публиката и како е да се биде стендап комичар.
Шоута вели што ги прави кога оди во различни земји се навистина визијата на Грк низ светот, работите што ги гледаме во животот, филозофија на комичар.
Во Охрид шоуто го адаптирав на локалната култура. Што е? Гледиште на една нормална личност која го анализира животот, гледа што се случува во животот, земјата, политиката… Но, е сатира. Тоа што го работам е сатира. Не се нарекувам себеси комичар. Се нарекувам модерен филозоф. Бидејќи како комичари ние ги набљудуваме луѓето. Гледаме низ очите на дете и се трудиме да направиме некогаш тажни работи, некогаш тешки работи. И се трудиме да го споделиме со луѓето тоа надевајќи се дека ќе ги насмееме. Но, сакам да ги направам и да размислуваат, оттаму и тоа „The Greek Dzinious“.
Секојдневниот живот вели му е инспирација, секој мал детал, како луѓето реагираат на одредени ситуации, на вестите, на светот, што се случи во светот, што се случи во историјата.
Најдобрата работа да се биде стендап комичар е среќавњето со луѓе. Бидејќи навистина ви требаат добри луѓе. Кога сте во комедијата нормално е да има позитивни вибрации, атмосферата нормално е позитивна. Кога сте во клуб, театар или други места енергијата околу самиот настан за комедијата нормално е многу позитивна. Најдобрата работа е што се исчезнува. Социјалниот, економскиот статус, религијата, се ова исчезнува. Се што гледаш е луѓе, да си поминеш добро време, да се запознатете подобро. И учам, учам многу од патувањата, одењето на различни места. Учам многу и тоа ме инспира за нови идеи.
Вели можете да се шегувате за се, ако ја обезбедите основата на комедијата и филозофијата на комедијата да биде почитувана.
Оттука, може да се шегувате за се. Сега сме во период на политички работи, кога се некој е повреден од нешто, не збори за ова, не збори за она, а од друга страна имаме слобода на говорот. Не сакам кога луѓето имаат недостик на почит кога се шегуваат. Не е мој стил. Ако ја почитуваш идејата мислам дека може да се шегувате за се.
Втор пат е во Македонија, откако минатата година бил во Скопје и бил почестен што го поканиле, бидејќи било првпат да дојде Грк во Македонија, грчки артист во случајов грчки комичар.
И ми беше чест, бидејќи многу работам, активен сум. Кога бев во Скопје и сега во Охрид јас гледам браќа. Зошто ние на Балканот сме како мала ЕУ внатре во ЕУ. Имате големи момци и Балканците. Тука сме и ние. Стендапот на Балканот е многу силен. Живеам во Мадрид, Шпанија, се преселив минатата година и гледам што се прави во Македонија, Србија е многу интересна, Хрватска, Црна Гора, Романија. Ја сакам Романија, Букурешт е мојот втор дом. Но, најмногу што сакам за стендапот на Балканот, што исто го гледам и на Средниот Исток е дека комедијата тука е малку повеќе интелектуална. Според мое мислење Балканот и Средниот Исток имаат највисоко ниво на софистициран хумор.
Во продолжение погледнете го целосното интервју со еден од најдобрите стендап-комичари Џими Цапас -„The Greek Dzinious“.
Н.С.Ј.
видео/фото. Б. Стојаноски