Духовниот проект „Разговори со млади“, предводен од отец Љупчо Бакрачески, продолжува со нова сезона 2026/27. Првата средба ќе се одржи во сабота, 10 октомври, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид.

Проектот е замислен како простор за непосреден разговор со младите за верата, животот, секојдневните предизвици, вредностите и прашањата со кои се соочува младата генерација.

Средбите ќе се одржуваат во повеќе термини во текот на есента и зимата, почнувајќи од 10 октомври, а последната предвидена средба од оваа едиција е на 24 јануари 2027 година.

Според објавената програма, за време на летното сметање на времето средбите започнуваат во 18 часот, а во зимскиот период во 17 часот.

„Разговори со млади“ продолжува како отворена можност младите да разговараат, да прашуваат и заедно да бараат одговори на духовните и животните теми што ги засегаат.

Термини: 10, 17 и 31 октомври; 14 и 28 ноември; 5, 12 и 26 декември 2026; 3 и 24 јануари 2027 година.

OhridNews