На 21 Декември, петок, со почеток во 17:00 часот во конгресната сала на Хотел Дрим ќе се одржи финалниот настан „Разговори за успех со Хајан Селмани“, од проектот „Подобри се–Зајакни ја твојата заедница! “.
На настанот, покрај говорот на реномираниот бизнисмен од Македонија Селмани, ќе се презентираат и резултатите од проектот, кој е поддржан од Проект на УСАИД за граѓанско учество, а се имплементираше во претходните 9 месеци од страна на Локална Агенција за Развој – Струга.
Целта на проектот „Подобри се – Зајакнија твојата заедница!“, беше да промовира лидерство меѓу младите во југозападна Македонија (Охрид, Струга, Кичево и Дебар) и да ги инспирира да преземат проактивни улоги во нивните заедници. Во проектот спроведени се четири обуки за личен и професионален развој на младите; се промовираа и се поддржуваа младите како лидери во нивните заедници преку активности кои самите ги спроведоа; се релизираа пет студиски патувања и се воспостависоработка помеѓу младите и бизнис секторот, младинските организации и други релевантни институции кои можат да ги поддржат во нивната кариера.
OhridNews