Седум грешки во текот на летот направил екипажот кој управувал со авионот во кој бил македонскиот претседател Борис Трајковски со соработниците. Последната била кобна, потврди Комисијата која ја истражувала оваа авионска несреќа, а чиј извештај беше и официјално презентиран пред јавноста. Босански Аваз објави снимка од аудио записите од разговорот меѓу пилотот и копилотот пред самиот пад од пронајдените две црни кутии.
Кингерот се сруши на 26. февруари 2004. година, неколку километри од мостарскиот аеродром, а потоа се запалил. Сите загинале на лице место. Во него беа претседателот Трајковски и неговите соработници.
OhridNews
извор Република