Екипата на Реал Мадрид освои само бод на гостувањето кај тимот на Легањес ремизирајќи (1-1) во последниот натпревар од 31-та рунда во Примера дивизион.

Домашните фудбалери пред крајот на првиот дел поведоа со 1-0. Стрелец на голот беше Џонатан Силва. Бројките на семафорот, „кралевите“ ги изедначија во 51-та минута со голот на Карим Бензема. Гостите од Мадрид притиснаа, креираа неколку прилики, но не успеаја да постигнат нов погодок и да победат.

Реал Мадрид се наоѓа на третата позиција и многу малку е веројатно дека до крај ќе напредува или ќе се врати чекор назад.

OhridNews