
Разрешувањето на претседател на Управниот одбор и именување на нов претседател се врши во функција на подобро и навремено остварување на работата на СВП, се вели во соопштението на Министерот за култура.
Промената во УО на фестивалот, кој не функционираше, се случува во деликатен момент. Никогаш до сега не се случило во месец март да не биде познат лауреатот, не е извршен ниту изборот на најдобар млад поет, што вообичаено се прави во декември, а изостана и меѓународното претставување на фестивалот. Оттаму новиот претседател на СВП ќе има сериозна задача пред себе квалитетно за кус временски период да ја подготви светски познатата поетска манифестација.
Загриженост за состојбите неодмна изрази граѓанското здружение „Наша Струга“ кое бара организацијата на СВП најитно да му биде доделена на Друшетвото на писателите на Македонија, чии членови како долгогодишни учесници на манифестацијата најдобро би можеле да се справат со новонастанатата ситуација.
ohridnews











