Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство“, надворешната канцеларија за криминалистички работи при полициската станица од Кичево, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против 47-годишно лице од гостиварското село Ќафа, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Пријавениот е осомничен дека на 29 декември, минатата година околу 17,00 часот во угостителскиот објект „Гурман“ лоциран на улицата „Борис Кидрич“ во Кичево, со неколку убоди со нож во пределот на градите, го убил М.С.(64)- сопственик на објектот.

Лицето е предадено на распит во Основното јавно обвинителство во Гостивар, а потоа ќе биде изведено  пред судија на претходна постапка.

OhridNews