Една жена од Египет побарала развод затоа што нејзиниот маж по цели ноќи го пребарува интернет и само и` се обраќа преку електронска пошта, пишуваат тамошните весници.

„Мажот потполно ме занемари. Кога ќе дојде од на работа веднаш се приклучува на интернет и по цела ноќ разменува пораки со други жени“, изјавила на семејниот суд во Насер Сити, северно предградие на Каиро.


Компјутерска торта.Нема врска со текстов ама супер е!

Младата жена која е во брак пет години и е мајка не две девојчиња, додава дека мажот и, инаку информатичар, повеќе и не разговара со неа. „Кога сака нешто, ми праќа e – mail на работа“, се пожалила.

Виртуелниот неверник не сакал да се одзвие на судската покана за смирување со сопругата, па барањето за развод е предадено на суд.

ХиНа

С. Костоски