Сопругата на поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, Марија Шривер, би можела да добие 254 милиони долари по разводот, пишуваат американските медиуми. Марија, која по професија е новинарка, поднела барање за развод по признавањето на нејзиниот сопруг на вонбрачното дете со нивната куќна помошничка.
Како што неофицијално се дознава, богатството на Арнолд Шварценегер изнесува околу 508 милиони долари, а Марија би требало да добие половина од оваа сума. Анонимен извор за американските медиуми изјавил дека ќе му земе се што може до последен долар. Се венчале 1986 година и имаат четири деца.