
Нанче кажа дека доколку стане градоначалник негови приоритетите ќе бидат промовирање на Охрид како туристичка дестинација и развивање на повеќе видови туризам: езерски туризам, алтернативен туризам (планинарење, параглајдерство, планински велосипедизам), конгресен туризам, културен туризам, екотуризам, рурален туризам, здравствено-рехабилитациски и спорстки туризам.
Трендафилов вети изградба на нови шопинг-центри,искористување на поволните климатски услови и чистата еколошка средина, како и селата и викенд населбите во развој на туризмот. Најви и продолжување на трендот на максимално користење на културното наследство во развој на туризмот и формирање на посебно туристичко друштво за промоција на Охрид како туристичка дестинација, кое би било во целост финансирано од локалната самоуправа, креирање туристички информатор со можност за онлајн букирање и искористување на IT технологијата во развој на туризмот.
Во доменот на културата Нанче вети: зачувување и промоција на богатото културно и историско наследство, изградба на нов музеј на градот; изградба на нова градска библиотека; формирање на професионален театар; изградба на концертна сала; изградба на комплексот Сценскиот простор Долни Сарај; уредување на платото кај „Св.Богородица Перивлепта“; реконструкција на Центарот за култура; возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник со изградба на седиште на Охридската архиепископија, галерија на икони, конгресна сала и една од најголемите библиотеки на балканот; реставрирање и презентирање на фасадите на куќите кои се наоѓаат на најфреквентните улици во стариот дел на градот; целосно доистражување и конзервирање на цитаделата на Самоиловата тврдина, како и конзервирање на периметралниот тврдински ѕид; целосно доистражување и конзервирање на античкиот театар. И Негово ставање во функција на културните настани со изградба на потребните додатни содржини; поставување на споменици на значајни личности од историјата на Охрид и донесување на Закон за градот Охрид.










