Развојните програми од областа на туризмот, локалниот економски развој, за градежно земјиште, урбанистички планови, образование и детска заштита за 2016 година ќе бидат дел од дневниот ред на четириесет и деветтата седница на Советот на општина Охрид која ќе се одржи во петок на 25-ти декември 2015 година.
Покрај овие програми советниците ќе расправаат за усвојување на програмите за спорт и рекреација, културни манифестации и творештво, за одбележување празници и манифестации, за заштита на животната средина и природата, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2016 година.
Исто така советниците ќе расправаат и за Буџетот на единицата на локалната самоуправа Охрид за 2016 година и Предлог Одлука за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2016 година.
На дневниот ред на седницата ќе се најдат и програмите за тековно работење за 2016 година, на сите општински јавни препријатија.
OhridNews