Развој на туризам во заштитено подрачје е одговорност, а не привилегија порачаа здруженијата и мештаните од Лагадин
24.08.26 11:02
Прва блокада во вода со СУП даски и пренасочување на бродови, глисери, скутери со цел почитување на законската обврска за одалеченост од 300 метри од брег, беше организира вчера во Охридско Езеро од страна на здружението „Стар Лагадин“, со поддршка од „Зелена народна стража“. Акцијата продолжи на брегот со масовно и гласно барање за безбедност и зачувување на езерото и крајбрежјето.
Организаторите велат дека се одлучиле на ваков чекор поради недоволната реакција на надлежните институции.
Вчерашниот перформанс и јавен собир во езерото и пред сомнително легализираниот хотел во Лагадин, имаше за цел да информира за сите нелегалности и да подигне свест кај народот кој се буди. Да ја заштитиме оваа единствена природа дадена од Бога, бидејќи наша одговорност е да ја зачуваме за следните генерации. Перформансот беше резултат на незадоволството на туристи и мештани. Блокадата во вода се однесуваше на законот за внатрешна пловидба член 13. и соодветните казни за непочитување на законот, вели Илина Арсова, претставник на здружението „Стар Лагадин“.
Организаторите прашаа дали треба да се случи трагедија за институциите да почнат да ги спроведуваат законите во езерото или на патот, изразувајќи при тоа и незадоволство и во однос на одлуката на УНЕСКО и продолжувањето на рокот уште 6 години во кој велат којзнае уште колку дивоградби ќе се легализираат.
Од протестот беа испратени повеќе барања како почитување на Законот за внатрешна пловидба, изрекување казни на прекршителите и обележување на границите на пловните патишта, означување на пешачки премини и поставување на знаци за регулирање на брзината на регионалниот пат на потег на сите населени места на Охридското крајбрежје, итно носење на просторниот план за Охридското крајбрежје и антикорупциска истрага за одговорните за пролонгирањето на оваа суштинска постапка за заштита на крајбрежјето и зачувување на УНЕСКО статусот, антикорупциска истрага за постапката за добивање градежна дозвола на спорниот хотел во Лагадин, како и рушење на сите дивоградби во подрачјето заштитено од УНЕСКО.
ГРК Охрид забележа убедлива победа на гостувањето кај Мулти Есенс во Скопје, совладувајќи го домаќинот со 42:26, во натпревар од седмото коло во ракометната Супер лига „Гладијаторите“ доминираа во ...
Во рамките на 6 коло од Третата македонска фудбалска лига – Регион 5, Света Троица 2021 и Чардак имаа различен учинок На стадионот „Касарна“ во Охрид, Света Троица 2021 одигра 2:2 против Преспа од ...
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец Максималната температура во Охрид ќе достигне 18 степени До средината на следната седмица време...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.