Со натпреварите од 14.коло, во четврток, ќе биде комплетирана Топ 16 фазата во кошаркарската Евролига.


Во Е групата се познати тимовите кои ќе играат во четвртфиналето, неизвесно е само кое место ќе го освојат на табелата, во најдобра положба е ЦСКА Москва, рускиот шампион и со пораз помал од 17 поени во дуелот со Панатинаикос ќе го обезбеди првото место.

Реал против Анадолу Ефес ќе брка победа со што во четвртфиналето би ја избегнал Барселона.

Многу понеизвесно е во Ф групата каде на првата позиција е сигурна Барселона, додека пет екипи се борат за преостанатите три места.

Олимпијакос на Перо Антиќ ќе го пречека Химки, грчкиот тим со победа на овој меч, но и со пораз на Макаби во Барселона ќе го освои второто место, со што во четвртфиналето би си ја обезбедил предноста кој ја носи домашниот терен.

Свои шанси имаат и Каха Лаборал односно Монтепаски, победникот од овој меч сигурно ќе се пласира меѓу најдобрите осум екипи во Европа.

Двојки :

Група Е : Жалгирис-Бамберг, Уникаха-Алба, Реал-Ефес, Панатинаикос-ЦСКА Москва

Табела: ЦСКА 10-3, Панатинаикос 9-4, Ефес 9-4, Реал 9-4, Уникаха 7-6, Жалгирис 5-8, Алба 3-10, Бамберг 0-13

Група Ф : Олимпијакос-Химки, Барселона-Макаби, Каха Лаборал-Монтепаски, Бешикташ-Фенербахче (петок 5.април)

Табела: Барселона 12-1, Макаби 8-5, Олимпијакос 8-5, Химки 7-6, Каха Лаборал 7-6, Монтепаски 7-6, Фенербахче 2-11, Бешикташ 1-12.

“Макфакс“