РЦСОО „Ванчо Питошески“ потпиша Меморандум за соработка со Француската амбасада во рамки на регионалниот проект „Заживување на наставата по француски јазик во образовните системи во земјите од Западен Балкан“, како и „Зајакнување на улогата на францускиот јазик во стручното образование и обука и поддршка на вработливоста на младите во Балканот преку прилагодено познавање на францускиот јазик“.

При посетата на училиштето Амбасадорот имаше можност да дегустира од специјалитетите пригответни од страна на учениците, асистирани од страна на професорите.
Овој значаен настан преставува важен чекор кон јакнење на меѓународната соработка, промоција на францускиот јазик и култура, како и прилика за отворање нови можности за учениците и наставниот кадар. Нашето училиште продолжува да работи посветено на развојот на квалитетна и современа настава во соработка со меѓународни партнери, потенцираат од РЦСОО „Ванчо Питошески“.
OhridNews














