Ракометарите на Охрид под полна пареа се подготвуваат за дерби натпреварот со Вардар, што ќе се одигра во сабота (29.11.2025) со почеток од 19.30 часот во салата „Билјанини извори“.
Вардар е многу тежок тим да се победи. Сега се во добра форма, но и ние имаме добра динамика и не сме иста екипа како пред два месеци. Имаме појасен систем и поголема верба. Ако публиката дојде во сала имаме големи шанси да победиме, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Ориол Реј Моралес.
OhridNews











