Ракометарите на Охрид ги запишаа првите бодови на табелата во Супер лигата совладувајќи го Бутел во СРЦ „Билјанини Извори“ со 28-24. „Гладијаторите“ доминираа речиси во текот на целиот натпревар и сосема заслужено ја забележаа првата победа.

Крсте Андоновски (РК Охрид) – Пред мечот најавив дека ова за нас е многу важен натпревар и многу ме радува што така одигравме. Игравме храбро и се боревме за секоја топка и со помош на публиката покажавме дека знаеме и можеме. Сега ни следуваат неколку релативно полесни натпревари, кои се надевам дека ќе ги добиеме.

Игор Котески (РК Бутел) – Охрид не` не победи туки ние сами се победивме. Искусни играчи какви што имаме во екипата правеа несватливи грешки во нападот и одбраната. Ќе мора да поправиме многу работи после овој натпревар.

Иван Тасески (РК Охрид) – Публиката заслужи да проследив ваков содржаен и добар натпревар. Добро отворивме, потоа имавме пад од кој брзо се консолидиравме. Потоа откако го презедовме водството не дозволивме опуштање и заслужено победивме.

Супер лига: Бутел падна во Охрид за прва радост на „гладијаторите“ (видео)

OhridNews