Охридскиот состав со пораз од Лабуништа во дерби средбата во Струга (3-2) ги започна натпреварите во пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Рибарите“, до судиското продолжение имаа гол предност, но домаќините со фуриозен финиш успеаја два пати да ја погодат мрежата и да слават победа.

Михајло Јакимоски (Лабуништа) – Среќен сум за погодокот и за победата. Дуелот со Охрид беше неверојатно тежок, исрпувачки и на моменти тензичен. Со карактерот кој го покажавме ги заслуживме бодови, а играчки реално потфрливме и ќе мора да се поправиме во следните мечеви. 

Драган Бочески (Охрид) – Нема што многу да се каже после ваков пораз. Без разлика на сите околности, ние имавме предност и добар резултат. Домаќините со два голови го свртеа резултатот и победија. Сите мора да извлечеме поуки од овој пораз. Нешто што под хитно ќе промениме е дисциплината. Двата црвени картони можат да чинат многу повеќе бодови од овој пораз.

Пепи Џигероски (Лабуништа) – Секогаш е тешко да се игра дерби а особено кога е на стартот од сезоната. Освоивме три бодови кои нас многу ни значат за понатамошниот тек од првенството. Во финишот имавме многу среќа. Од две не толку изгледни прилики погодивме и победивме. Неможам да сум задоволен од играта во одбрана. Прекините не ги одработивме добро. Од две нафрлувања примивме погодоци, што значи дека не сме биле на ниво. 

OhridNews

Лабуништа со пресврт триумфираше во дербито со Охрид!