Екипата на Лабуништа со две победи го помина Охрид и обезбеди пласман во 1/4 финалето во Купот на Македонија. Лабуништа во Струга славеше со 2-0 а со триумф 3-2 на СРЦ „Билјанини Извори“ го завери пласманот во ТОП 8.

Пепи Џигероски (Лабуништа) – Целите кои ги имавме пред двомечот со Охрид и натпреварот во СРЦ „Билјанини Извори“ ги исполнавме. Успеавме да се одмориме и да зачуваме сили за саботниот меч со Велазерими а патем победивме и се пласиравме понатаму. Нашата битка продолжува на двата фронта и ќе се бориме до последен здив за што подобар резултат. Пласман во ТОП 8 беше одлична најава за дуелот со Велазерими в сабота. Помеѓу нас две екипи нема нешто непознато и мислам дека ќе биде добар натпревар.

Гоце Толески (Охрид) – Со исклучок на првите десеттина минути многу сум задоволен од момците кои добија шанса. Незнам дали се работеше за пад на концетрацијата или притисок поради добиената шанса, но грешки какви на почетокот не се дозволиви. Успеавме да се вратиме од 0-2 и да направиме неколку прилики за трет погодок. Потоа, повторно примаме погодок од грешка и го губиме натпреварот. Не е проблем што се греши, туку што се повторуваат грешките. Реков и пред мечот дека нам мислите ни се во Гостивар и натпреварот со истоимената екипа во Втората лига.

Арион Зиба (Лабуништа) – Иако имавме два погодоци предност од првиот меч во Струга во средбата со Охрид влеговме многу мотивирани. Таквиот пристап ни овозможи да постигнеме нови два погодоци и солидна предност. Домаќинот покажа дека не случајно се наоѓа во 1/8 финалето во Купот на Македонија откако се врати на 2-2, но ние сме искусна екипа и не дозволивме простор за сензација. Триумфот и пласманот понатаму многу ќе ни значи, бидејќи продолжуваме да се бориме за остварување на зацртаните цели сезонава.

OhridNews

КУП: Охрид елиминиран, историски пласман и успех на Лабуништа