– Господине Бакрачески, бараме веднаш да се извините. Од друга страна време е да престанете да се фалите со сето она што сте го направиле под државна капа, потпомогнати од СДСМ и нивни министри. Имено овие оперативни зафати се рутинска операција секаде во светот и затоа немој да се однесувате како после ова дека ќе добиете нобелова награда.
Имајќи предвид дека Вие сте кардиолог, прашуваме дали помалку важен ќе бевте доколку бевте гинеколог и дали исто вака ќе повикавте новинари да присуствуваат на овие интервенции, или пак сте двоен моралист кој сака да извлече максимум од ситуацијата. Хипократовата заклетва треба да ви е водич, а не популистичката заклетва кај Премиерот Никола Груевски, стои во реакцијата.
Од Сојузот за иднината со реакција и во врска со изнесеното на пратеникот Александар Николоски.
– Жално е што Николоски зборува за долговите, а во исто време доаѓа од Владата која ќе биде запаметена по тоа што ја задолжил оваа земја со повеќе од 40 проценти од БПД. Македонија никогаш не била ниту посиромашна, ниту позадолжена. Николоски додека бил во главниот град заборавил дека општина Охрид и нејзините јавни прептријатиаја најголемио долг го влечат од времето кога ДПМНЕ раководеше и со општината и со нив , стои во реакцијата.











