“Гладијаторите“ го претрпеа петтиот пораз во првенсвтото, сите на гостински терен. Подобри од охриѓани во “езерското“ дерби беа ракометарите на Струга кои триумфираа со минимални 23-22.


–  Сакам да направам паралела на судењето во Струга и Охрид. Пасивен напад за домаќините е после две минути игра во нападот. Последните пет минути од мечот кога имавме добро судење, веднаш резултатски се вративме во игра. Кога ни беше најпотребен во игра го немавме најдобриот ракометар Трифуноски кој заработи повреда на почетокот на вториот дел. Не ја барам кривицата кај судиите, но вакво безредие на терен и на трибина немам видено. Публиката влезе в терен, во текот на целиот натпревар бевме провоцирани и навредувани, а капак на се` беше плукањето од навивачите кон нашата клупа. Да се одвиваше вака натпреварот во Охрид, ќе не санкционираа со ригорозни казни – потенцираше тренерот на Охрид, Андоновски.


Одбраната и нападот потфрлија во првиот дел, примија 12 погодоци а постигнаа шест. Во вториот дел охриѓани се созедоа, но немаше време да направат комплетен пресврт.


Почетокот ни припадна нам, а до крајот на првиот дел паднавме психолошки, која се одрази на резултатот. Во вториот дел притиснивме но успеаавме да ја анулираме. Одиме понатаму ни следува дуелот со Зомимак, кои не бираат средства да не запрат. Токму нив ќе им покажаме како се игра со чист разум и срце – дециден беше Атанас Поп Стефанија.


Радоста во струшкиот табор после победата во “езерското“ дерби, беше огромна.

Подршката од публиката ни беше ветар во грбот кога ни беше потребно. На “езерското“ дерби победи подобрата екипа, и драстично ја променивме сликата која оставивме на мечот со Охрид во Купот на Македонија – истакна стрелецот на четири погодоци за стружани, Велески.

Мх.П.