Пилотот на Мерцедес Луис Хамилтон, триумфираше на лудата трка за Големата награда на Азербејџан, што се возеше вчера низ улиците на Баку. Хамилтон имаше најмногу среќа во возбудливата трка која беше исклучително интересна. Еве како ја видоа пилотите.

Хамилтон (Мерцедес- прво место)
“Во минатото почесто водев и контролирав се, но некако работите се свртеа против мене. Утрото си помислив дека ова ќе е за мене трета среќа и така беше. На оваа патека ви треба повеќе среќа од знаење. Ботас прекрасно си ја вршеше работата и заслужи да биде победник. Себастијан исто така. Дефинитивно едно мора да расчистиме, а тоа е дека Ферари оваа години е подобар тим во овој момент, но ете ние победивме“.

Риконен(Ферари – второ место)
“Стартот за мене беше претежок и имав голема среќа што воопшто останав во конкуренција. Се обидував да се вратам. На моменти мислев дека ја контролирам ситуацијата но премногу се мачев со гумите да ги држам под оптимална работна температура. Држев приклучок и чекав некаква гужва за да се пробијам напред. Ете така и беше“

Перез ( Форс Индија – трето место)
“Немам зборови со кои би ја искажал мојата среќа. Последно на подиум бев пред две години. Ги возев најдобрите два круга во својата кариера кога Фетел ме притискаше за третото место. Гумите беа ладни заради безбедносното возило и беше многу тешко да се извади оптимум од болидот. Се борев со ритамот за да фатам приклучок со Раиконен, за да не може Фетел доволно да ми се приближи и ете на крајот успеав.“

Фетел (Ферари-четврто место)
“Задоволен сум со намерата да го направам маневарот но не ја задржав контролата до крај. Бев затворен и незнаев точно каде сум во однос на влезот во првиот свиок. Јас бев во внатрешната страна, а од десната надворешна е полесно за ориентација заради референтните точки на кочење, а лево нема ништо. Го блокирав тркалото но не беше толку трагично се извлеков без инцидент. Не сум незадоволен со четвртото место.“

Ботас (Мерцедес – откажување – гума од остатоци од болидот на Грожан)
“Незнам што би рекол. Немав среќа и тоа е тоа. Но, ќе се заборави. Секој има тешки моменти во својата кариера, а и тие се дел од тркањето. Оваа патека е многу тешка, впрочем како и сите улични трки. Не ни почувствував дека поминав преку некој остаток на патеката и во прв момент не ни знаев што се случи.“

Верстапен (Ред Бул откажување – судар со клупскиот колега Рикардо)
“Ова е многу разочарувачки за тимот затоа што изгубивме многу бодови. Мислам дека нема потреба да се бара кој е виновникот. Ние се тркаме за еден тим, претставуваме многу вработени па се случуваат вакви работи. Имавме слична брзина и мислам дека тркањето беше фер и си дававме еден на друг доста простор. Вакво нешто се случувало и во минатото и мора од оваа случка да учиме. Ќе зборуваме во тимот што можеме да преземаме во иднина ова да не ни си случува. Сепак мислам дека тимските наредби не треба да бидат дел од стратегијата“

Рикардо (Ред Бул откажување – судар со клупски колега Верстапен)
“Моментално не сме во најдобри односи со Макс (Верстапен) и мислам дека треба двајцата да му се извиниме на тимот. Благодарен сум што тимот ни дозволи да се тркаме така да денес тоа заврши лошо за нас и ова не е добро. Мислев дека има простор од внатрешната страна и кога веќе бев преблиску едноставно морав да продолжам.“ 

OhridNews