Со триумфот од 70-63 над Црн Дри во “езерското“ дерби, охриѓани ја резервираа третата позиција која води во бараж средба за влез во втората лига.

– Бодовите со стружани ни беа планирани, затоа не се “потресевме“ за нивното гостување. Првата четвртина ја одигравме како што се договоривме, сите беа на ниво и затоа ја добивме со десет разлика која се покажа како доволна за победа – истакна тренерот на охриѓани, Весна Балазоска.

Комоцијата во охридскиот состав на крајот од мечот, можеше да донесе возблудив финиш. Стружани се доближија до пет поени, но немаа сили за подвиг.

– Крајниот исход на мечот не е вистински одраз на силите на теренот. Првата четвртина ја добивме со десет поени, и видовме дека сме поквалитетен тим од нашиот противник. Во вториот дел следуваше мало опуштање, не дозволивме гостите да се радуваат. Следна пречка во првенството ни е Карпош Соколи, гостувањето е тешко но не и неостварливо, го знаеме “рецептот“ против нив ги совладавме на домашен терен – потенцираше Христовски.

Во третата кошаркаска лига следува пауза од три недели, а потоа Колибрите гостуваат во Скопје, кај Карпош Соколи.

Мх.П.