Металург ја забележа првата победа над хрватскиот првак. Еден гол залиха ќе имаат “металурзите“ во пресрет на ревашнот за седум дена во Загреб.


– Тежок натпревар во кој забележавме минимална победа. Двете екипи играа јако во одбраната, направивме неколку технички грешки, кои не ни дозволија да се радуваме по убедливо. Но победа си е победа, одиме да се бориме и таму, не се предаваме – рече Миркуловски.

– Беше тежок натпревар како и сите одиграни меѓусебни дуели до сега. Просто е неверојатно како се играше во одбраната, а своја вечер имаа и голманите на двете екипи, беше тоа вистински балкански натпревар. Ништо не е готово, Металург е одличен во гости немаат респект, и немаат што да изгубат. Ние го посакуваме четвртфиналето и пласман понатаму. Публиката морам да ја пофалам која цели 60 минути го бодреше својот тим.Очекувам и „Арената“ во Загреб да биде полна – рече крилниот напаѓач Хорват.

Ohridnews