Со триумфот на “Атина Бојаџи“, екипата на Дрита ја потврди улогата на фаворит на мечот од 19-та рунда во втората македонската лига. По еден гол ве двете полувремиња постигнаа “црвено црните„ што беше доволно да ги освојат трите бодови во Охрид.

– Дрита го покажа квалитетот на денешниот натпревар, и покажа зошто се наоѓа во горниот дел од табелата. Малку и среќата ни го сврте грбот, примивме погодок после првиот удар кон нашиот гол. Во наредната рунда гостуваме во Дебар, каде немаме право на грешка – истакна капитенот на “градежниците“ Стојаноски.

Ја оправдавме улогата на фаворит во овој меч. Со денешната победа ги вративме оние два загубени бода со Македонија ЃП. Сакам искрено да им се заблогадарам на охриѓани за пречекот и гостопримливоста – потенцираше тренерот Рамадани.

Во наредната рунда охриѓани гостуваат кај Кораб додека Дрита на домашен терен ја пречекува екипата на Eуромилк.

Мх.П.