Охридските “градежници“ го претпреа вториот пораз во низа на стартот на пролетниот дел од шампионатот. По убедлвиот пораз од Еуромилк со 4-0, Миравци со 2-0 ги совлада охриѓани.

Судијата како едвај да чекаше  да покаже на белата точка. Направивме неколку
шанси кои не успеавме да ги искористиме, а за несреќа се случи и црвениот
картон. Малку подобро
одигравме во првиот дел,  но ако не створиш повеќе
шанси на домашен терен  не можеш и да очекуваш поволен резултат. Паднавме во вториот дел, но и према огранизацијата на клубот, таков е и резултатот,
рече стратегот Бакулески кој по досудениот пенал, поради жестоките реакции кон главниот судија Мечкароски, заработи исклучување.

 

Гостите од друга страна, беа презадоволни со триумфот: Сметам дека заслужено победивме. Фер и коректна игра на домаќините и честитам на судиската кој беспрекорно го водеше мечот. Ме изненадија домаќините со технички дотераниот фудбал, ние полесно се снајдовме, во еден напад, направија прекршок за пенал, дадовме гол и потоа ни беше полесно.

Во наредното коло Охрид Лоте гостува кај Гостивар, додека Миравци во дербито на колото на домашен терен го пречекува Еуромилк.

М.П.