“Гладијаторите” со тесни 22-21 триумфираа во дерби мечот протв Радовиш од 14-та рунда во првата машка лига. Натпреварот помина во рамноправна игра, на крајот пресуди подршката од публиката како и присебноста на охридските ракометари во финишот од мечот.

– Екипата на Радовиш е доста искусна, во истиот состав се натпреваруваа во Супер Лигата, затоа триумфот добива големо значење. Секоја чест на моите ракометари кои одиграа “фајтерески” меч. Морам да напоменам, ние да имаме вакво судење како ова денеска на гостински терен, ке го добиваме секој натпревар – истакна тренерот на охриѓани Горан Андоновски.


Одигравме цврст и квалитетен натпревар. Мечот наликуваше на суперлигашки, а не од рангот на првата лига. Во многу наврати сезонава така и на дерби мечот со Радовиш докажавме дека охридска тврдина е неосвоива – потенцираше стрелецот на шест погодоци во охридскиот состав, Николовски.


– Натпреварот помина во фер и коректна атмосфера, се играше малце погрубо но во рамките на дозволеното. Ракометарите на Охрид повеќе ја посакуваа победата и ја заслужија на денешниот натпревар. Охриѓани имаат тежок распоред, на домашен терен ги пречекуваат Текстилец и Зомимак, и ако над нив триуфмираат тогаш заслужуваат да се натпреваруват во супер лигата – рече најискусниот во составот на Радовиш, Столе Донев.


Во следното 15-то коло Охрид го очекува ново дерби, овој пат “езерското” со екипата на Струга Илинден.

Мх.П.