“Гладијаторите“ со триумф над Текстилец ја завршија сезоната во првата машка ракометна лига. Избраниците на Андоновски на последниот меч пред домашната публика се преставија во блескаво издание.


– На мечот против Текстилец, сите ракометари дадоа максимум и покажаа зошто се наоѓаат во горниот дел од табелата во првата лига. Победа над суперлигашот Текстилец е награда за  успешната сезона. Не треба да се разочаруваме, поради пласманот на третата позиција. Зомимак се засили на сите позиции со многу квалитетни ракометари, додека Текстилец направи голема бодовна разлика во првиот дел. Ние сме тука први на чекање, ако некоја екипа се октаже од Супер Лигата – потенцираше Андоновски, тренерот на РК Охрид 2011.


Екипата на Текстилец која веќе имаше обезбедено пласман во Супер Лигата, им остана должна на љубителите на ракометот во Охрид. Во првиот дел гостинските ракометари постигна четири погодоци додека во вториот осум премалку за еден “суперлигашки“ тим.


– Да им честитам на домашната екипата, која сосема заслужено триумфираше на последниот меч од сезоната. На последниот меч за сезонава, влеговме опуштено, а охриѓани вешто ја казнуваја секоја наша грешка. Сега кога веќе ја освоивме првата позиција во првата лига не очекува добро да се припремиме за наредната сезона и спремни да влеземе во Супер Лигата – истакна тренерот Тодоров.

Мх.П.