Ремито без голови ги “задоволи“ тренерите на Охрид и Турново. Новиот тренер на охридската клупа Горазд Михајлов не успеа да дебитира со победа, но задоволен е од реакцијата на екипата во вториот дел, по слабото прво полувреме.

Во секој случај задоволен сум од моето деби, не загубивме во меч со директниот конкурент за опстанокот,и успеавме да ја одржиме разликата. Не можам да бидам задоволен од играта во првиот дел, потклекнавме повеќе на психолошкиот план, додека во вториот дел покажавме дека тоа што го работевме во подготовките дека таа е играта што треба да ја практикуваме. Голот не не посака , и останува да гледаме напред и да се насочиме кон мечот во среда против 11 Октомври. Во финишот имаше ситуација , но тое е судиско убедување, кое секако ќе влијаеше на конечниот исход – рече Михајлов.

На спротивната страна на клупата на Турново, дебитираше Димитковски Љупчо кој пред  неполна недела дојде на кормилото на овој прволигаш.

Од резултатот сме делумно задоволни бидејќи имавме неколку изгледни шанси, кои за жал не ги искористивме, но мора да напоменам дека во финишот на мечот можеше и Охрид да го добие мечот. Задоволни сме од бодот, кој е “голем како куќа“ за нас  имаме мало бодовно салдо така што сега се вртиме кон наредните натпревари со кои треба да ја надополниме разликата и да не одведат далеку од опасната зона – смета Димитковски.

М.П.