Разочарувањето во охридскиот табор после поразот во супер дербито во првата машка ракометна лига беше видливо. “Гладијаторите“ претрпеа убедлив пораз 33-22, од Зомимак кој заслужено се радуваше на трите бодови освоени во преполната сала “Атина Бојаџи“.


Квалитетот на Зомимак е голем,  моментално да се натпреварува во Супер Лигата, ќе им ги замрси сметките на водечките. За нас ова е “премија“, да дојде во ситуација Зомимак со големи имиња во составот да се плаши од гостувањето во Охрид. Греота и жално е, Струмица да нема суперлигашки ракомет кога клубот има добра финансиска подршка – потенцираше Андоновски.

Со триумфот во Охрид, Зомимак сериозно го загрози второто место на “гладијаторите“. Струмичани имаат три бода помалку, но и еден меч помалку. Во завршните натпревари од сезоната “зелените“ гостуваат кај Пелистер и Ѓорче Петров.


Ваквиот амбиент во охридската сала го очекувавме, љубителите на ракометот во Охрид заслужија чиста десетка. Поквалитетен тим сме, тоа и го докажавме на мечот. Во текот целиот меч го имавме резултатот во наши раце, и на крајот заслужено се радувавме. Чекор по чекор одиме кон баражот, до крајот на сезоната ни престојат уште две тешки гостување. Поседуваме квалитет, се надевам дека ќе победиме и ќе бидиме спремни за бараж средбата за Супер Лига – истакна Трендафилов.

Избраниците на Андоновски во наредната 17-та рунда гостуваат кај Ринија додека Зомимак е слободен.

Мх.П.