Од осумте пресметки во осминафиналето четири го понесуваат епитетот дерби, што доволно говори за квалитетот на екипите кои учествуваат во првата елиминациска фаза.
Шампионите на Италија и Германија, Јувентус односно Баерн Минхен ја сочинуваат можеби најинтересната двојка во осминафиналето. Предводникот на „баварците“, Пеп Гвардиола има само пофални зборови за италијанскиот состав.
– Едно знам дека оваа пресметка ќе биде многу возбудлива. Јувентус е една од најдобрите екипи иако сезоната не ја започнаа како што треба. Тие поседуваат победнички менталитет што токму сега излегува на виделина. Од сега не би ја презеле улогата фаворит бидејќи не знам во каква форма ќе се наоѓаме за време на натпреварите.
Од другата страна преставникот на Јувентус во Нион, Павел Недвед фаворитската улога веднаш му ја препушти на противникот.
– Еднастовно немавме среќа и ни се падна најтешкиот ривал во осминафиналето. Сигурно ние нема да се предадеме од почеток и ќе одиграме максимално борбено во двомечот.
Десеткратниот освојувач на трофејот во Лигата на Шампиони, Реал Мадрид за противник ја доби Рома која во минатото беше незгоден противник за кралскиот клуб.
– Лигата на Шампиони е специфично натпреварување затоа нема лесен противник во 1/8 финалето. Ние сме фаворит, но никако не смее да се опуштиме поради тоа. Рома доаѓа од калчото, а италијаните знаат да одиграа добри натпревари кога најмногу им треба. – рече Бутрагањено, директорот на кралскиот клуб.
Четири мега пресметки во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони
Ohridnews











