Охридските ракомети ги запишаа првите бодови на табелата во плејофот од Супер лигата ремизирајќи со Пролет 20-20 на домашен терен. „Гладијаторите“ до ремито стигнаа со голот на Пеце Георгиевски во последните секунди од натпреварот.

Крсте Андоновски (РК Охрид) – Натпреварот го започнавме како што посакувавме и се стекнавме со предност од шест погодоци (8-2). После имавме голем и страшен пад во играта, што не чинеше губење на предноста. Пролет на крајот од мечот и поведе, имаше шанса и за победа, а ние добивме награда за нашето залагање, бидејќи не се откажавме од позитивен резултат.

Никола Матлиески (РК Пролет) – Кога ќе се сумира се` мислам дека ремито е најреален исход. Има една поговорка која гласи среќата треба да ја заслужиш, сама таа не доаѓа, а очигледно ние не ја заслуживме во последните моменти од натпреварот. На стартот од мечот игравме многу слабо и ништо од тоа што се договоривме, но како што одминуваше времето ние се консолидиравме и пруживме добра партија. Бодот од Охрид ќе ни значи многу, бидејќи тешко е да се игра овде, а не да се освојуваат бодови.

Благојче Трајкоски (РК Охрид) – Имавме водство од шест голови и игра која ветува, а на крајот требаше да се радуваме на бод. Во најава на овој меч реков дека се освен победа за нас е пораз и се уште стојам на мојот даден збор.

Реми на Охрид и Пролет во „Билјанини Извори“ (видео)

OhridNews