Екипата на Динамик од Србија ја продолжи црната серија на АВ Охрид во јадранската Втора АБА лига, откако со 106-90 славеше во мечот од 17-та рунда кој се одигра во „Билјанини Извори“. Кошаркарите на Динамик ја забележаа осмата победа сезонава, додека „галебите“ го претрпеа 16-от пораз во мечевите од АБА лигата.

Александар Тодоровиќ (Динамик) – Одигравме како што се договоривме пред почетокот на мечот и тоа значително ни го олесни патот до победата. На почетокот имавм мал проблем домашните кошаркари се разиграа, но во од најдовме решение и ги ставивме работите под контрола. Мене не ми е прва средба со АВ Охрид сезонава и знаев што не очекува и од каде доаѓа опасноста, а тоа им го пренесов на моите соиграчи и стручниот штаб.

Филип Бакоч (АВ Охрид) – Гостите одиграа коректно и доволно колку да стигнат до победата. Ние одново имавме добри и негативни страни во текот на мечот и ни преостанува многу работи да ги доведиме работите во позитивен колосек.

Мирослав Николиќ (Динамик) – Натпреварот помеѓу АВ Охрид и Динамик го одбележа пријателска атмосфера, бидејќи на ниту една од двете екипи не им беше потребна победата. Победникот го одлучи квалитетот и подолгата клупата. Ние учеството во Втората АБА лига го користиме за акумулирање на искуство на помладите кошаркари кои допрва треба да го понесат товарот во екипата.

Петар Чочороски (АВ Охрид) – Од меч во меч ги повторуваме грешките и една четвртина не чини пораз. Постигнатите 90 поени се добри, но примените поени (106) се многу во ваков меч. И во најавата напоменав дека натпреварот добро ќе ни дојде за разбистрување на мислите после поразот од Кожув во домашниот шампионат.

АБА: Динамик ги однесе бодовите од Охрид

OhridNews