Поранешниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески, по враќањето во Заводот за кардиологија откако му заврши мандатот во локалната самоуправа е распределен на позиција раковоздител на одделението за срцеви аритмии. Тоа предизвика големи реакции на социјалните мрежи дека д-р Бакрачески кој пред да влезе во политиката беше раководител на Заводот за кардиологија, со назначувањето на новото работно место по враќањето во заводот се деградира, бидејќи како искусен интервентен кардиолог, наводно сега ќе работи во одделение каде се вршат само прегледи.

Реагираше д-р Бакрачески со објава на својот фејсбук профил кој често го користеше да искаже свои ставови и во времето кога ја извршуваше градоначалничката функција.

„Јас немам предрасуди да извршувам професионални обврски на било која позиција во институцијата каде работам. Сум се обучил за сите можни процедури и постапки кои се изведуваат во Заводот па и во делот на аритмиите, и ништо не ми смета. Напротив се би работел со љубов и задоволство. И тоа е задача и обврска на секој еден добро обучен и комплетен Кардиолог. Впрочем и кога бев само шеф на одделот за интервентна кардиологија, и како шеф на целокупната работна единица заедно со интензивната нега и ургентната амбуланта, но и како директор на институцијата, без разлика што моето примарно место беше интервентната кардиологија, повремено според потребите ги обавував и скоро сите останати инвазивни и неинвазивни процедури и методи кои се изведуваат кај Нас. Сум држел и амбуланта, сум бил приправен, сум дежурал и доаѓал на повици. И пак ќе нагласам, се со големо задоволство. Како што тоа го правам и сега а исто ќе биде и во иднина. Мојата определба за Кардиологијата е трајна, како што е трајна и определбата за постојано усовршување, континуирано едуцирање и усвојување на нови и нови процедури. И тоа нема никогаш да се промени. Јас знам каде е моето место каде што би бил најкорисен, најкомпетентен и од најголема помош за институцијата и пациентите. Други не мислат така, и тоа е нивно право. Но ќе повторам – тоа нема да го коментирам. Но тогаш кога јас одлучував не постоеше термин ”партиска припадност” или ”партиски реваншизам” во лексиконот на институцијата. И тоа можат вработените да го потврдат а останатите да го проверат. Постоеше само знаење, степен на стручна подготовка, квалификации и вештини кои се владеат. Затоа што знаев дека со здравјето на пациентите не може и не смее да се импровизира. А колку беше исправно говорат бројките, стапките на морталитет и морбидитет, волуменот на работа, растот и развојот на институцијата и се разбира најважното – задоволството на пациентите. И сето ова не го пишувам за да се жалам, ниту да ме сожалуваат, далеку од тоа. Јас не сум тој тип. Туку напротив, тоа само уште повеќе ме инспирира. Го напишав ова бидејќи сите оние кои се грижеа за мене вечерва заслужуваат одговори и појаснувања.“ напиша Бакрачески.

На Бакрачески му реплицираше актуелната директорка на Заводот за кардиологија, исто така на фејбук. Таа коментирајќи ги изнесените наводи на социјалните мрежи, ја појасни целата ситуација, изнесувајќи тврдење дека нема никаков реваншизам во случајот со Бакрачески.

„Повикана индиректно како Директор на Заводот за превенција ,лекување и рехабилитација на КВЗ Охрид после сите денешни колумни ,коментари на порталите чувствувам потреба да дадам неколку објаснуања:

1. Никој во ниту еден момент не ја оспорил стручноста на Др,Бакрачески нити го деградирал или имал намера да го стори тоа иако тоа е карактеристика својствена за него. 
2. Др.Бакрачески за прв пат после 3 недели и тоа телефонски после моето назначување за директор во август месец ми го честиташе изборот и тоа со заканувачки тон во смисол да ми даде добронамерни совети за “мое добро “.
3. Докторот со престанување на функцијата градоначалник писмено се обрати дека ќе ја продолжи својата работа во нашиот Завод и од 20.10.17 ,службите од Заводот уредно го обавија повторното активирање на неговата работа кој му беше во мирување и согласно законските прописи ,степенот на неговото образование е распределен уште од тој датум како раководител на Оддел за аритмии ,не со цел на негова деградација туку од единствена причина што во тој момент спрема постоечката систематизација на работни места во Заводот кој тој во тек на негово директорување ја составувал беше единствено слободно раководно место на кој тој во тој момент можеше да биде распределен .Поставувањето како Раководител на овој оддел не значи и забрана за докторот да работи во другите оддели меѓу кои и во одделот за интервентна кардиологија во која денес кога ги давал изјавите за порталите всушност и беше распределен и работеше. Др,Бакрачески никогаш и не работел и не знае да работи во одделот за аритмии кој не се сложувам дека по хиерархија е на најнизок ранг од единствена причина што сите оддели во Заводот се со подеднаква важност и воопшто не може да стане збор за било каква хиерархија во рангирање на одделите .Дури можам да додадам како мој личен став дека е и еден од потешките оддели за работа во кој можат и во моментов работаат само неколку колеги од Заводот.
4. Согласно законот кој предвидува дека по престанување на јавната функција ,работникот треба да се јави на работа после 15 дена ,Др.Бакрачески требаше да се јави на работа на 03.11.17 ,но по негово барање кое му беше овозможено користеше 7 дена годишен одмор кој не го искористил како градоначалник и од тие причини негов прв работен ден беше на 14.11.17.
5. Во самата организација на Заводот во кој има специјалисти интернисти и супспецијалисти кардиолози сите на свој начин се раководители на некој оддел што не значи и дека тој доктор работи само во тој одддел туку имаме неделен распоред кој го изготвува раководителот на амбулантско поликлиничкиот оддел и подразбира секојдневно вклучување на сите доктори во различни оддели во зависност од обемот на работа, присуство или отсуствио на некој доктор.
6. Посебно во одделот за интервентна кардиологија работаат во моментов 6 доктори,интервентни кардиолози меѓу кои и Др.Бакрачески , се прават 4-5 интервенции што само по себе подразбира дека сите тие на некој начин секојдневно се вклучени и во работата на другите оддели.
7. Како директор на Заводот сум посебно горда што во истиот работи стручен тим од кој сум и самата дел , на специјалисти интернисти ,супспецијалисти кардиолози континуираниот развој на Заводот кој е препознатлив не само на територијата на Р.Македонија а и во соседните земји го подразбирам како резултат на стручната работа на целиот тим а не само на поединци кои се самопромовираат не бирајќи начини.“ – напиша д-р Гордана Донеска, директор на Заводот за кардиологија.

OhridNews