На прес конференцијата на коалицијата „За подобра Македонија“, со соопштение реагираа од „Сојузот за иднината“:
„Луѓето споменати во пресот не ги претставуваат сите категории граѓани кои ги споменувате. Меѓу другото, она што го изложи Петрески денес беа аргументи. Ништо повеќе и ништо помалку. Немојте да вршите психоанализа за нешто за што не сте компетентни. Наместо да ја замајувате јавноста и постојано да имаме вакви пресови и реакции на нив, заморувајќи ги граѓаните, одговорете дали тројцата повикани ќе дојдат на јавно соочување, каде без монтирани снимки и на раце напишани текстови ќе ги соочиме нешите дела, перцепции и визии. На вашите спинувања им нема крај, но утре е Прочка ќе ви простат граѓаните.“-стои во реакцијата на „Сојузот за иднината“.