Очигледно нашиот политички опонент продолжува со својата валкана кампања, која преминува на ниво на лична пресметка. Оттаму, воопшто нема да се спуштаме на едно такво ниско ниво на политичка комуникација и затоа нема да ги коментираме личните навреди и дисквалификации кои Г-динот Трајкоски ги изрече за нашиот кандидат во вчерашното соопштение, се наведува во реакцијата од изборниот штаб на кандидатот за градоначалник за општина Дебрца од коалцијата Сојуз за иднината, Љупчо Којчиноски .

При тоа, потенцираат дека ги побиваат тврдењата на кандидатот од За подобра Македонија, Игор Трајкоски, дека градоначалникот на општината во изминатиот период не реализирал ниту еден проект.

– Од страна на општината предводена од градоначалникот се реализирани бројни проекти од различни извори на финансирање ( европски фондови и фондови на меѓународни организации, национални фондови, буџет на општината)  Во оваа прилика ќе потенцираме неколку капитални инвестиции-изградба на Регионален водовод за водоснабдување на Ново Село, Белчишта, Лешани, Грко Поле и доводен крак за Ботун ( финансиран од Кардс програмата на ЕУ ), реконструкција на основните училишта во Мешеишта и Злести и реконструкција на водовод во Лешани ( УСАИД ), изградба на ново училиште во Горенци ( Швајцарска Амбасада ), набавка на типска пречистителна станица  за Белчишта ( РЕЦ Програма, СИДА Шведска ), изградба на фекална канализација во Белчишта и Оровник, изградба на доводен цевковод за Волино, изградба на резервоар за водоснабдување во Горенци, реконструкција на водовод во Велмеј и Оровник, изградба на водовод за Мраморец, реконструкција на спортски полигон во Мешеишта,  поставување на заштитна ограда и трибина на спортски полигон  во Волино, изградба и реконструкција на општински патишта ( за Турје, Мраморец, Врбјани, Годивје, Лактиње, Песочани, Белчишта-Ново Село, Мешеишта-Волино, Волино-граница на општина Струга, за манастир Света Недела Оровник ), изградба и реконструкција на улици во сите населени места, тампонирање на локални и полски патишта,  реконструкција на зградата на Ликовната колонија во Белчишта, осветлување на плоштад во Волино , изградба на фонтана во Белчишта  и редица други, се наведува во реакцијата на Сојузот за иднината.

OhridNews