Еднаш обвинувате за преголема вработеност во Јавните претпријатија и Локалната самоуправа, а другиот пат се однесувате како спасител од кој никој реално не бара помош. Вработените во Локалната самоуправа  знаат за односот на Петрески кон нив и напротив, место мобингот за кој зборувате, во Локалната самоуправа  владее меѓусебна почит и взаемно задоволство, се наведува во реакцијата од Сојузот за идниината по денешната прес- конференција на кандидатот за градоначалник од коалицијата За подобра Македонија, д- Никола Бакрачески.

– Тоа што вас како кандидат не ве прифаќаат дури ни од матичната партија и тоа што луѓето од ДПМНЕ не веруваат во вашата приземност, не е виновен ниту Александар Петрески ,ниту Сојузот за иднината. За Петрески и раководителите во Јавните претпријатија зборуваат вработените и ние никогаш нема сами да зборуваме како вие во овој прес дека вработените во кардиолошки центар биле презадоволни од вас, затоа што оставаме граѓаните тоа да го кажат самоиницијативно и на избори, стои во реакцијата.

Од сојузот за иднината потенцираат дека наместо од За подобра Македонија да одговорат дали ќе излезат на јавно соочување, продолжуваат да стојат пред скапиот банер, позади партиската говорница, во скапото одело , многу далеку од народот, очекувајќи дека сето тоа нема да го забележат граѓаните.

– Сами знаете дека во јавната дебата нема да ви биде комотно како во скапиот изборен штаб, каде вашите советници знаејќи за вашиот изборен пораз Ве посоветуваа да почнете со агресивна  кампања за да спасете колку што може да се спаси. Вие како лекар најдобро знете дека стравот од кашлицата не може да се сокрие, велат од Сојузот за иднината.