Сагата околу велшкиот фудбалер Герет Бејл заврши. Најпознатиот клуб во светот Реал од Мадрид за рекордни 100 милиони евра го купи 24-годишниот крилен играч од Тотенхем. Тој потпиша шестгодишен договор со тимот од „Сантјаго Бернабе“.

Транферот на Бејл е најскап во историјата на фудбалот и е за 6 милиони евра повисок од тој на Кристијано Роналдо кој за сума од 94 милиони евра премина од Манчестер јунајтед во Реал М.

Во Реал веруваат дека со Бејл ќе го вратат приматот во „Примера“ и ќе атакуваат на Лигата на шампиони.

Новата аквизиција на Реал македонската публика ќе има можност да ја види во живо на претстојниот квалификациски натпревар за пламан на СП во Бразил, што ќе се одигра во Скопје помеѓу репрезентациите на Македонија и Велс.

ОhridNews