Сантијаго Солари дефинитивно останува на тренерската функција во Реал Мадрид. Клупските челници решиле Аргентинецот да ја добие довербата и со него потпишале 18-месечен договор. Ова значи дека Солари ќе остане на клупата на Реал до јуни 2020 година.

Солари пред две недели го наследи Хулен Лопетеги, но тоа беше само привремено решение. Бидејќи правилата во Ла Лига не дозволуваат тренер со нерегулиран статус повеќе од две недели да предводи некој тим, челниците на Реал му понудиле постојан договор на Агрентинецот.

Од моментот кога го презеде Реал, Солари забележа четири победи со гол разлика 15:2. Реал славеше во дуелите со Мелиља (4:0), Валјадолид (2:0), Викторија Плзењ (5:0) и Селта (4:2).

Сантијаго Солари во минатото пет години играше во Реал, а потоа работел како тренер во младинските категории и во Б-тимот (Реал Кастилја).

OhridNews