Шпанскиот гигант Реал Мадрид повторно ги помести границите во Лигата на Шампиони освојувајќи го трофејот третата година по ред, а вкупно 13-ти во клупската историја после победата (3-1) над Ливерпул во финалето во Киев.

„Кралевите“ до титулата во финалето стигнаа по чуденсен и несвојствен пат. Најпрво кумуваше повредата на Мо Салах после половина час игра, а потоа фаталните грешки на голманот на Ливерпул, Кариус. Сепак, финалето во Киев ќе се памети по голот на Герет Бејл, кој му донесе водство 2-1 на шпанците и им го отвори патот до титулата.

Реал Мадрид не само што ја одбрани титулата, туку стана и првата екипа која освоија три трофеи во серија после новиот формат во ЛШ. После оваа победа „кралевите“ ќе земат еден пехар со „големи уши“ во своја трајна сопственост кој ќе ги краси витрините на Сантијаго Бернабеу.

OhridNews