Фудбалерот од средината на теренот на мадридски Реал, Џејмс Родригез веројатно нема да биде дел од експедицијата, која ќе патува за клупскиот Мундијал.
Колумбиецот го повреди мускулот на мечот со Селта Виго во Ла Лига и го очекува пауза од десетина денови.
– Родригез заработи полесна повреда и е под знак прашалник неговиот настап на Светското клупско првенство. Тој можеби ќе настапи во финалето ако успееме да се избориме за него – рече Карло Анчелоти за шпанските медиуми.
Реал Мадрид го очекува меч во ЛШ против Лудогорец, па во Примера и заминува на Мундијалот за клубови.
Мх.П.