Реал Мадрид скапо со дисквалификација од кралскиот куп ја плати административната грешка на одговорните лица во клубот. Имено, на мечот со Кадиз настапи Русинот, Денис Черишев кој немаше право поради суспензијата од еден натпревар од минатата сезона. 


Рускиот репрезентативец не ја одлежа суспензијата поради трите добиени картони минатата сезона во дресот на Виљареал.

Кадиз иако го загуби мечот поднесе жалба, а шпанската фудбалска федерација ја усвои и го дисквалификуваше Реал Мадрид.

– Немам коментар за новите случувања бидејќи сите во клубот сме насочени кон дуелот со Гетафе кој е многу важен за нас во Ла лига. – кратко прокоментира Рафа Бенитез за шпанските медиуми.

Ohridnews