Фудбалерите на Реал Мадрид додадоа нов трофеј во витрините од клубот, откако ја совладаа Барселона во двомечот во Супер купот на Шпанија со вкупен резултат (5-1).
„Кралевите“ и покрај големата предност од првиот натпревар (3-1) не оставија ништо на случајност и од првиот момент тргнаа во офанзива. Таквиот стил на игра им донесе резултат во 4-та минута, кога Марко Асенсио го отвори резултат. Сите надежи на каталонците ги сруши Карим Бензема пред финишот на првиот дел, кога погоди за 2-0, кој на крајот се покажа и конечен резултат.
Избраниците на Зинедин Зидан продолжуваат со жнењеето на трофеи, откако пред повеќе од една недела во Скопје подобри беа од Манчестер Јунајтед во Супер купот на Европа.
OhridNews