Европскиот шампион Реал Мадрид доминира во тимот на годината во изборот на угледниот француски весник „Л`екип“. „Кралевите“ имаат четири свои преставници најмногу од сите екипи кои даваат играчи во тимот на годината.

Од Реал Мадрид во идеалниот состав се наоѓаат Марсело, Серхио Рамос, Лука Модриќ и Кристијано Роналдо. Барселона во имињата на Умтити и Лионел Меси има два свои преставници, додека Нејмар кој играше една полусезона на Ноу Камп и направи трансфер во ПСЖ не се рачуна како фудбалер на каталонците. Исто е и со Дани Алвеш кој пола година мина во Јувентус пола во ПСЖ. Џиџи Буфон од Јувентус стои на голот, а од англиската Премиер лигата доаѓаат Н`голо Канте од тимот на Челси и Хари Кејн од Тотенхем.

Во гласањето за најдобриот тим за 2017 година гласаа околу 150 000 читатели на Л`екип кој стандардно секоја година ја доделува и Златната топка.

Тимот на годината: Џиџи Буфон (Јувентус), Марсело (Реал Мадрид), Умтити (Барселона), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Дани Алвеш (Јувентус/ПСЖ), Лука Модриќ (Реал Мадрид), Н`голо Канте (Челси), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Лионел Меси (Барселона), Нејмар (Барселона/ПСЖ), Хари Кејн (Тотенхем).

OhridNews