Кралскиот клуб предвреме го раскина договорот со италијанскиот стратег Карло Анчелоти откако сезонава ја заврши без освоен трофеј.


Одлуката за раскинувањето на договорот со Анчелоти, кој две години го предводеше Реал Мадрид ја пренесе првиот човек на клубот Флорентино Перез. – Извршниот одбор одлучи да го разреши Анчелоти од неговата должност. Во најбрз можен рок ќе објавиме името на новиот тренер.

Со италијанскиот стручњак на клупата „кралевите“ ја освоија десеттата титула во Лигата на Шампиони и Купот на Шпанија, а подоцна и трофејот од Светското клупско првенство.

Најголем фаворит за преземање на тренерската функција во Реал Мадрид е Рафа Бенитез, кој моментално го води тимот на Наполи.

Мх.П.